Одлуките на Владата се спроведуваат. Иако цените на тестенините и на некои млечни производи се намалени за 6 до 9 денари, надлежните ги пофалија компаниите. Тие дури најавија нови олеснувачки мерки за производителите кои би покажале општествена одговорност за натамошно намалување на цените. До крајот на наредната недела, по анализата на пазарот, ќе се донесат одлуки за мерките што ќе се применуваат од април. Премиерот Ковачевски денеска им се придружи на 160 инспектори и не ја напуштија продавницата со празни раце. Си купија неколку продукти на акција. Ковачевски рече дека тестенините се намалени за 15 отсто, а млечните производи за 10 во однос на 1 март.

Според истражувањето што го направивме на пазарите, цените беа намалени откако фирмите добија рок од една недела да го сторат тоа. Другите слични производи кои не беа вклучени во одлуката сè уште се продаваат по високи цени.

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека новите мерки ќе им ја олеснат состојбата на граѓаните, со тоа што државата ќе се откаже од дел од даноците, а продавачите од дел од профитот. Утре ќе се анализира замрзнување на цените на шеќерот, јајцата и оризот. Сепак Бектеши рече дека треба да се ревидира списокот на производи со маржа за ДДВ, бидејќи некои прехранбени производи станале луксуз, а имаат само 5% данок.

„Основните производи што досега ги истакнавме ќе останат со маржа од 5 отсто, бидејќи се работи за основни прехранбени производи, но за жал од претходните одлуки од 7-9 години имаат маржа од 5 отсто, а веќе се луксуз. Најголем дел од граѓаните не ги користат, тогаш зошто да се оданочуваат со 5 отсто кога основните производи може уште повеќе да поевтинат“, рече Бектеши.

Според министерот, пресметката на потрошувачката синдикална кошничка можела да биде ненамерна или техничка грешка. Тој рече дека таа не надминува 43.000 денари. Бектеши рече дека тоа го констатирале со неговите советници и побарале средба со Сојузот на синдикати кои за месец февруари за задоволување на основните потреби на едно 4 члено семејство рекоа дека се потребни 50.909 денари или 15.000 денари повеќе од лани. Според теоријата на министерот за економија, инфлацијата кај прехранбените производи од август наваму била пресметана два пати и во сите елементи што беа прецизирани во претходната методологија.

Извор: АлсатМ