Со анкетата на Analiticapoll која беше спроведена во периодот 5-12 септември 2021 година, за доверба на кандидатите на локалните избори кои ќе се одржат на 17-ти октомври, резултатите упатуваат на умерено ниво на доверба кон истите.
На репрезентативен примерок од 1086 испитаници- граѓани на Општина Куманово, главните претенденти за доверба меѓу испитаниците (македонци, албанци, роми, власи) се Оливер Илиевски (СДСМ и Коалиција), со 23,7%, Максим Димитриевски (Независен кандидат), со 21,9 % и Тони Михајловски (ВМРО-ДПМНЕ),со 20,6 %.
На анкета, останатите кандидидати, Беким Салиу (Алијанса за Албаницте и Алтернатива), е со 5,2%, Теодора Димитровска ( ЛДП и ДОМ), со 3,1 % додека 9,6% не знаат за кого ќе гласаат, 15,9 % од испитаниците одговориле дека нема да гласаат.
Од анкетата јасно се гледа дека „мртва трка“ е во Куманово и дека извесен е вториот круг.