По проблемите со серво воланот и неправилното активирање на воздушните перничиња, „Тесла“ во ноември третпат повлекува возила, овојпат поради случајно вклучување на задните светла.

Софтверска грешка поттикна уште едно безбедносно повлекување за Tesla во ноември. Со ова повлекување се погодени возилата од линиите Model 3 и Model Y и кај овие автомобили може да се јави случајно активирање на задните светла поради аномалија на фирмверот. Објавата следеше по две претходни повлекувања овој месец, кои се однесуваа на возилата Model S и Model X од американскиот производител.

Извештајот за повлекување е издаден од Националната администрација за безбедност на сообраќајот на патиштата на САД за електричните возила 2023 Model 3 и 2020-2023 Model Y. Во извештајот се наведува дека кај засегнатите возила може да дојде до случајно активирање на задните светла на едната или двете страни на возило, што резултира со потенцијално зголемен ризик од судир.

Случајното активирање е резултат на аномалија на фирмверот што предизвикува лажно детектирање на грешки за време на секвенцата на стартување на возилото. Врз основа на описот на дефектот во извештајот, овие лажни детектирања влијаат на задните светла, но не и на стоп светлата или трепкачите.

Повлекувањето опфаќа 321.628 возила кои се идентификувани со користење на специфични податоци за производство, конфигурација и фирмвер. Верзиите на фирмверот од 2022.28 до 2022.40.4 се идентификувани како причина за аномалијата. Последната верзија, 2022.40.4.1, се чини дека не е засегната и е исклучена од акцијата за повлекување.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.