Вчера околу 12:50 часот на улицата „Иса Болетини“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа во која тешко бил повреден 19-годишен мотоциклист, информираа од ОВР Дебар.
Во несреќата учествувале патничко возило од марката „Опел Астра“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од С.Р. (38) од селото Горно Косоврасти, и мопед со исто така дебарски регистарски ознаки, управуван од Д.Т. (19) од Дебар.
Од ударот, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Јавната здравствена установа во Дебар.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Дебар, а причините за несреќата се предмет на понатамошна истрага.