Аргентинскиот тенисер Гвидо Пеља, 44-от рекет во светот е незадоволен од условите во карантинот во Мелбурн пред одржувањето на „Австралија опен“.

Тенисерот кој беше 20-ти на АТП-листата во 2019 година, вели дека е несфатливо што некои играчи се наоѓаат во толку тешки услови во двонеделен карантин поради ситуацијата со ковид-19.

Не крие дека е разочаран од недостатокот на реакција кај одредени тенисери кои треба да ги застапуваат интересите на поголемиот дел од учесниците.

– Имам впечаток дека терасата на Ѓоковиќ во сместувањето во Аделаиде е поголема од мојата соба. Но, тој барем проговори и рече нешто. Изненаден сум од молчењето на Рафа Надал и Доминик Тим – вели незадоволниот Пеља.

Во едно свое појавување на Твитер откри со што се соочува.

– Замислете, не ја чистеа мојата соба ниту еднаш во една недела. За некое чудо тие ни дадоа нови крпи, а храната ја доставуваат во стиропор. Ние дури и не добивме нови чаршафи. Но, сè е во ред, ние сè уште се држиме – додаде Аргентинецот.

Ѓоковиќ им одговори на критичарите: Јас сум бил себичен? Тоа е далеку од вистината