Во текот на 26 и 27 јануари 2026 година, во Скопје се пријавени повеќе случаи поврзани со семејно и родово базирано насилство, информира Министерството за внатрешни работи.

На 27 јануари, околу 00:30 часот, 40-годишна жена пријавила дека претходната вечер околу 20:00 часот, на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната од нејзиниот партнер Д.П. во неговиот дом. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Истовремено, по претходна пријава на 34-годишна жена, полициски службеници од СВР Скопје го привеле 32-годишниот Р.Ќ. од Скопје, кој, според пријавата, на 23 јануари ѝ упатувал закани дека ќе објави компромитирачки видео запис од неа. Се работи за поранешен партнер. Приведувањето било извршено на 26 јануари во 11:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во друг случај, на 26 јануари околу 16:00 часот, службени лица од СВР Скопје извршиле разговор со 49-годишниот В.Т. од Скопје, откако неговата 42-годишна сопруга пријавила дека тој ја нападнал и ѝ го одзел мобилниот телефон на 24 јануари во нивниот дом на подрачјето на Центар. И за овој случај е најавен соодветен поднесок по документирањето.

Дополнително, истиот ден во 11:40 часот, на подрачјето на Бит Пазар бил приведен 77-годишниот А.С. од скопско, по пријава на 51-годишна жена дека ја допирал по телото. По преземените дејствија, и за овој случај ќе следува поднесок до надлежните органи.

Текстот Тепање, закани со компромитирачко видео, одземање телефон – повеќе пријави за родово насилство во Скопје од партнери и поранешни сопрузи е превземен од МАКФАКС.