Левиот бек на Милан, Тео Хернандез се кае, но тој дефинитивно ќе биде казнет.
Милан беше поразен од Наполи со 1-0 на Сан Сиро во неделата вечерта, а одличниот дефанзивец објави слика од судијата Паске по натпреварот со неколку емоџи икони што повраќаат.
На тој начин, тој сакаше да каже дека судијата му наштетил на Милан, алудирајќи на тоа дека не му беше досуден пенал.
Ниту ВАР реагираше, Паске замавна со раката, а Милан на крајот забележа нов пораз, комплицирајќи ги работите уште повеќе во борбата за Лигата на шампионите.
Иако Французинот реагираше на време и ја избриша сликата, се чини дека тоа нема да му помогне затоа што Дисциплинската комисија на Италијанскиот фудбалски сојуз веќе го истражува целиот случај и подготвува казна за најдобриот играч на „Росонерите“.