Голем број на приврзаници на екс претседатрелот и премиерот на Албанија Сали Бериша , околу 12 часот денеска во Тирана ја обиколија зградата на седиштето на Демократската партија на Албанија  и се обидуваат насилно да влезат во неа, каде  што претседателот на партијата Лулзим Баша одржува седница со раководството и претседателите на партијата во општинските организации.

Протестот кој беше свикан од страна на Бериша   во текот на вчерашниот ден , како што рече Бериша е со цел да се ,,ослободи седиштето на партијата од нелегалното раковоство,, . Стотици членови на Демократската партија приврзаници на Сали Бериша започнаа да се собираат уште во 11 часот а Бериша пристигна во 12 часот, во време кога протестантите насилно изкршија стакла од вратите , но не успеваат да влезат  во објектот бидејки има двојни врати кои се блиндирани. Оштетени се сите видео камери на предната страна на објектот .  Бериша вели дека  не треба да има насилство но потоа истакнува дека објектот ке биде освоен.  Во овие моменти објактот на седиштето на Демократската партија е обиколен а тензиите растат . Голем е бројот на полицијата кои ја наблудуваат состојбата и се спреми за интервенција  за да се спречи традедија , велат престаниви на албанското МВР.

Партијата која сега е во раскол поради тоа што Бериша беше исклучен од партијата од страна на Баша  бидејки е прогласен од страна на САД за персона ,,Нон грата ,,, по 31 година од соновањето ги минува најтешките моменти . Двете крила фактички се во војна, а Бериша се обидува да ја превземе партијата нелегално , изјави претседателот на партијата Лулзим баша за како што рече да се заштити лично од големата корупција  за што го обвинува САД.