Тензии и судири во парламентот. По зборовите на пратеник од ПП, на говорницата излезе претседателот на „Вазраждане“ Костадин Костадинов. Следуваа закани, расправии и речиси тепачка.

Инцидентот се случил пред очите на десетици деца кои биле во посета на Народното собрание за празникот 1 јуни.

-Копејкин го излажа народот, купи куќа со нивни пари, остатокот го претвори во евра и се вакцинираше“, рече од говорницата Искрен Митев од ПП.

После тоа Костадинов почнал да го навредува пратеникот, по што следела расправија и турканици.

Беше дадена пауза од 30 минути, а пратениците ја напуштија салата.

Претходно, скандали на сите теми на јавната агенда го одбележаа првиот пленарен ден.

ГЕРБ ја нападна политиката на владата за справување со бегалската криза.

Сослушувањето на Калина Константинова стана втора точка за утрешниот пленарен ден. А скандалите продолжија – за усвојувањето на еврото.

ВИДЕОТО ОД ИНЦИДЕНТОТ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК.