Ние сме цело време во криза, ние треба да им се лутиме на политичарите, бидејќи не доволно ни кажуваат дека сме во криза, туку и не подлажуваат дека кризата само што не поминала. Ова во емисијата Дебати на ТВ Шења го изјави новинарот од ИРЛ Горан Теменугов.
„Да не забораваме дека се уште сме во пандемиска криза. За две години еве што ни случува. Имавме редица на кризи, кои што генерално на светско ниво сите се изненадени, така е и кај нас“, изјави Теменугов.
Тој додаде дека и покрај тоа што државниот врв бил запознат за нападот на Русија врз Украина уште во ноември минатата година, но фокусот бил локалните избори.
„Живееја за локалните избори. После локалните избори имаше штанцање на текстови за енергетската криза. Едноставно се премолчи, се премолчи од страна на власта бидејќи не сакаа да ја вознемируваат јавноста со непријатни информации“, изјави Теменугов.