Ние даваме тешки милијарди во евра за да увеземе храна, ова во емисијата Дебати на тв Шења го изјави новинарот Горан Теменугов.
„Во последните 10 години, со груби бројки сме увезле 14 или 15 милијарди евра храна, а сме извезле 8 милијарди евра храна. Значи кога ќе го извадиме увозот од извозот, доаѓаме до тоа, дека ние даваме тешки милијарди во евра за храна “, изјави Теменугов
Тој тоа го нарече рак рана поради фактот што од буџетот веќе се исплатени повеќе од милијарда евра за субвенции за производство на храна.
„Мора да се знае дека ние сме дале од буџетот милијарда евра за да не се случува тоа, туку ние да бидеме конкурентни на пазарот. Прво да го задоволиме домашниот, па да можеме да се конкурираме и на регионалните пазари. Ние не можеме ништо. Да ние извезуваме одредени производи, но увезуваме многу повеќе… во милијарди евра“, истакна Теменугов.