Филип Темелковски, кандидатот за градоначалник на Кисела Вода, од редовите на  СДСМ во вечерашната дебатна емисија на Канал 5, „Само Вистина“, напомена дека општината и понатаму ќе остане отоврена кон жителите како и досега.

Реплицирајќи му на својот противкандидат Орце Ѓорѓиевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека тој воопштно не е запознаен со работата на општината.

-Знам дека сакате да бидета на моето место, но тоа нема да се случи.Очигледно не ги познавате доволно работите .Дојдете во општината  за да видите како стојат проектите, реплицираше Темелковски.

Тој спомена дека неговиот план за наредните години доколку ја добие довербата на жителите на Кисела Вода ветува подобра бизнис клима, отоврна општина, целосна дигитализација на општината , изградба на катна гаража кај Рампа со место за пракинг на велосипеди.