Вселенскиот телескоп Џејмс Веб (JWST) откри нови сознанија за протокластерот Spiderweb, масивен „град на галаксии“ кој се формира на десет милијарди светлосни години од Земјата, објави Европската вселенска агенција (ESA), пренесува Anadolu.
Набљудувајќи го протокластерот како што изгледал четири милијарди години по Големата експлозија, астрономите идентификувале претходно скриени галаксии во ова јато на галаксии во рана фаза.
„Го набљудуваме изградбата на една од најголемите структури во универзумот, град на галаксии во изградба“, рече Хозе М. Перез-Мартинез од Институтот за астрофизика на Канарските Острови.
„Знаеме дека повеќето галаксии се стари и не се многу активни, додека во оваа студија ги набљудуваме овие објекти за време на нивниот раст“, додаде тој.
Напредните инфрацрвени способности на JWST им овозможија на научниците да навлезат во космичкиот гас и прашина што ги крие овие галаксии.
Ова означува значаен чекор напред во проучувањето на тоа како масивните структури во вселената еволуираат.
Членот на тимот Ритм Шимакава од Универзитетот Васеда истакна дека откриле повеќе галаксии од очекуваното.
Спротивно на претходните теории, Хелмут Данербауер, исто така од Институтот за астрофизика на Канарските Острови, рече дека растот на овие галаксии можеби не е поттикнат од спојувања, туку од акумулација на гас во нивната структура од големи размери.
Научниците дојдоа до овие наоди за само три и пол часа набљудување со JWST.