Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 07 часот и 20 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Урошевац, на 124 км северно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.3.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Текстот Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија: Земјотресот е со епицентар на 124 километри северно од Скопје е превземен од МАКФАКС.