Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во текот на денот имала телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Како што вели таа, заеднички е заклучокот дека Северна Македонија во првата година од членството во Алијансата се покажала како активна членка.
-Штотуку телефонски разговарав со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Заеднички е заклучокот дека во првата година од полноправното членство во НАТО, Северна Македонија докажа дека е активна членка на Алијансата и ги дели заедничките вредности и принципи на сите сојузници, вели Шекеринска.
Инаку, на 27-ми март 2020-та во Вашингтон беше направен и последниот формален чекор за полноправно членство на Северна Македонија во Алијансата- депонирањето на инструментот за пристапување во Стејт департментот. Со тоа нашата држава стана членка на НАТО.