Денеска, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, имаше телефонски разговор со неговиот колега привремениот премиер на Република Бугарија Стефан Јанев.
Премиерот Заев му го честита изборот за претседател на службената Влада на Република Бугарија и му посака плодна и успешна работа.
Политичките лидери од двете страни имаат одговорност да создадат услови за дијалог и за конструктивни разговори, беше заклучено при разговорот.
Двајцата премиери разговара за вкупните односи меѓу двете држави, со посебен акцент на потребата за вложување на сите напори за разговори и за взаемно прифатливи решенија.