Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево оствари телефонски разговор со министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали.

„Двајцата соговорници изразија задоволство од одличната билатерална соработка и ја потврдија подготвеноста за нејзино понатамошно унапредување во сите области од заеднички интерес. Во таа насока, министерот Муцунски ѝ упати покана на министерката Спиропали за билатерална посета на нашата земја, на која ќе бидат разгледани конкретни иницијативи за продлабочување на соработката“, соопшти Министерството.

Во телефонскиот разговор станало збор и за европската перспектива на двете држави и за заедничките активности на патот кон Европската унија. Во тој контекст, било потенцирано значењето на инфраструктурното поврзување, со посебен акцент на стратешката важност на Коридорот 8 како проект од регионално значење.

Воедно, била нагласена важноста на негувањето на добрососедските односи, како и заедничкиот придонес на двете земји кон стабилноста и безбедноста во регионот.

Текстот Телефонски разговор на Муцунски со министерката за Европа и надворешни работи на Албанија е превземен од МАКФАКС.