Американскиот претседател Џо Бајден вети континуирана поддршка за Киев по големиот бран смртоносни напади од руска страна. Тој рече дека Русија ќе одговара за, како што ги нарече, „нејзините воени злосторства и ѕверства“.
Во телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Бајден „ја изрази својата осуда за ракетните напади на Русија низ Украина, вклучително и во Киев, и им изрази сочувство на најблиските на загинатите и повредените во овие бесмислени напади“, соопшти Белата куќа во изјава на 10 октомври.
„Претседателот Бајден вети дека ќе продолжи да и ја дава на Украина потребната поддршка за да се одбрани, вклучително и напредни системи за воздушна одбрана“, соопшти Белата куќа.