Падот на побарувачака на текстилните производи во европските земји, а особено во Германија се рефлектира и врз работата на македонските текстилни конфекции, изјави денеска Ангел Димитров од Организација на работодавачи. Посочува дека бизнис секторот во моментов чека да се формира новата Влада, па да седнат и да разговараат за состојбата во текстилниот сектор.
-Што од новата Влада? Прво треба да се формира новата Влада па да видиме какви барања ќе доставиме. Ние досега многу пати сме барале за одредени олеснувања во вид на намалување на даноци, придонеси на нашите работници. Затоа што се работи за една трудоинтензивна дејност, а знаете дека според нашите Закони, најмногу се оданочени платите, за разлика од имотот и приходи од капитал. Поранешната Влада имаше најава дека ќе донесе нов Закон за ослободување од придонеси за порастот на платите, по урнек на законот што беше од 2019 година, а кој навистина даде добри резултати во врска со порастот на платите, вели Димитров.
Тој истакна дека ова не се случи и какошто вели Димитров дали новата Влада ќе размислува за нешто такво треба бизнис заедницата да разговараат со новите министри и премиерот. Прашан што ќе значи доколку се донесе ваков Закон, Димитров со одговор дека вештачкиот, политичкиот начин на зголемување на платата на еден начин ќе падне и на товар на државата.
-Затоа што знаете во услови на зголемување на минимална плата, особено на зголемување на просечна плата заради немање на доволно работници платите се драстично покачени, а на оние фирми кои имаат доволен пораст на платите, фактички разликите меѓу платите која била меѓу 2023 и 2024, таа разлика да се ослободи од плаќање на даноци и придонеси и какошто кажав давачките за плата се некаде 50 % на исплатената плата или на нето платата. За разлика од тоа вие знаете дека имотот некаде се оданочува со 0,3%, а давачките на платата ние сме трудоинтензивни дејности се огромен товар за нашите компании, вели Димитров.
Тој додава дека бранот на заминување на сезонски работници во Хрватска за време на летниот период, не го чувствува текстилниот сектор.