Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска изјави дека падот на бројот на заразени со коронавирусот ширум светот е охрабрувачки, но предупреди дека не е време да се олеснат ограничувачките мерки.

Тој додаде дека бројот на пријавени случаи на инфекција на глобално ниво се намалува веќе четири недели, а бројот на смртни случаи – две недели.

– Се чини дека овој пад се должи на земјите што ги засилуваат мерките за јавно здравје. Сето ова треба да не охрабри, но задоволството е исто толку опасно како и самиот вирус, изјави Гебрејесус.

Тој додаде дека сега не е време ниту една земја да ги олесни мерките или која било индивидуа да се опушти.

– Секој живот што е изгубен сега е уште потрагичен затоа што почна вакцинацијата, нагласи шефот на СЗО.

Регистрирани се 108 милиони случаи на зараза со коронавирус во светот, 2,3 милиони луѓе починале како резултат на Ковид-19.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.