Тажни сцени вчера на првиот собир на ФК Шкупи, по смртта на 25-годишниот фудбалер од клубот, Андреј Лазаров.

Од „Шкупи“ велат дека се обиделе да се вратат на тренинзите, но на барање на играчите, тренингот бил откажан.

„Со голема празнина и бескрајна болка по загубата на Андреј Лазаров, денес се обидовме да се вратиме на тренинзите на тимот. Сепак, денешниот тренинг беше откажан на барање на играчите! Продолжението на сезоната ќе ни биде најтешко, но ќе се бориме со тоа, и ќе играме во негова чест. Андреј секогаш ќе биде дел од нашето семејство!“, порачаа од „Шкупи“.

Андреј загина во страшниот пожар што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани.