Фудбалерот на Манчестер Сити, Натан Аке, објави дека неговиот татко починал за време на натпреварот против РБ Лајпциг.

Во емотивно обраќање, Аке напиша дека неговиот татко бил сериозно болен долго време и дека секојдневно очекува вести за неговата смрт.

“Минатите неколку недели беа најтешките во мојот живот. Татко ми беше многу болен и повеќе третмани не можеа да помогнат. Имав среќа да имам поддршка од мојата свршеница, семејството и пријателите”, истакна Аке, а потоа рече дека неговиот татко починал на гости за време на натпреварот.

“По тешкиот период вчера го постигнав мојот прв гол во Лигата на шампионите и само неколку минути подоцна тој почина. Мајка ми и брат ми беа до него. Можеби така беше и судено. Тој секогаш беше среќен и горд кога играм. Знам дека секогаш ќе бидеш со мене, секогаш ќе бидеш во моето срце и ова е за тебе тато“, е пораката на дефанзивецот на Сити.

Холандскиот фудбалер е член на Сити од 2020 година. Меѓутоа, поради проблеми со повредите, тој не одигра премногу и настапи само на 16 натпревари.