Таткото на австралискиот актер Расел Кроу, Џон Александар Кроу, починал во текот на летот за Кофс Харбор, град во Австралија, каде и живеел во последните 25 години.

Странските медиуми наведуваат дека персоналот на авионот се обидел да го реанимира, но без успех.

Актерот ја потврдиил оваа тажна вест на својот твитер – профил:
.
Денес, иако сонцето сјае и поројот се смирува, овој датум засекогаш ќе биде обоен од тага. Мојот драг човек, мојот прекрасен татко, најнежниот човек, почина – напишал Расел, а потоа во нова објава на социјалната мрежа актерот дополнил:

Ова го објавувам затоа што знам дека има луѓе ширум светот чие срце тој го допре и чии ребра ги заскокоткал со сјајните очи и арогантниот однос кон секого и сè и ова е веројатно исто толку ефикасна метода како и секоја друга на вести. Џон Александар Кроу (13 март 1936 година – 30 март 2021 година) Роден во Крајстчрч, Нов Зеланд и починал во пристаништето Кофс, Австралија, во неговиот дом во последните 25 години. Почивај во мир – го завршил своето обраќање тажниот актер на социјалната мрежа – Твитер.

Изјавите на патниците кои случајно се нашле во авионот сведочат дека на неговиот татко му немало спас. Лекарите на летот во кој се наоѓал Кроу, го оживувале околу 20 минути, а тие продолжиле со реанимација и по слетувањето на авионот.

Бројните обожаватели на славниот актер му изразуваат сочувство за неговата загуба на неговиот Твитер профил.