Таткото на на 22-годишниот Иле Стрезовски кому синоќа му беше извршена трансплантација на срце, Цветко Стрезовски, од Брвеница, се заблагодари на семејството на починатиот донор Верче Белчовска за продолжувањето на животот на неговиот син.
„Прво да изразам сочувство на фамилијата на Верица и благодарност што му го продолжија животот на синот. Тој од 6 јануари боледува со слабо срце со 14 отсто работа и се бараше од тогаш донор. Разговараравме со синот, добар е сега. Голема благодарност до докторите и министерот за здравство“, изјави Стрезовски пред медиумите по завршувањето на трансплантацијата на срце на Клиниката за кардиологија која е втора во македонската историја.