Таткото на Бритни Спирс го изгуби правото делумно да управува со имотот на оваа пејачка. Џејмс Спирс ги контролираше финансиите и нејзините лични работи, уште од моментот кога таа доживеа нервен слом во 2007 година, како дел од правниот договор за таканареченото старателство.
Во ноември мнатата година, Спирс неуспешно се обиде да го исфрли татко и од оваа улога, а на тоа рочиште судијата ја именуваше приватната компанија „Bessemer Trust“ да управува со богатството на пејачката. Во тоа време, нејзиниот адвокат изјави дека таа стравува од незиниот татко и дека нема да ја продолжи музичката кариера се додека тој има моќ над неа.
На сослушувањето во Лос Анџелес во четвртокот, господин Спирс го изгуби правото на имотот вреден 60 милиони долари. Уште едно рочиште за овој случај е закажано за 17-март.
Пресудата доаѓа по објавувањето на документарецот на Њујорк Тајмс „Framing Britney Spears“, кој зборува за нејзината кариера и споменатиот нервен слом, но и за медицинските манипулации и уцени од страна на нејзиниот татко.