Германскиот магазин „Билд“ ги негира пишувањата на „Марка“.
Главна фудбалска вест во изминатите 13 часа е таа дека Давид Алава се договорил со Реал Мадрид и во следните четири години ќе настапува на „Сантијаго Бернабеу“.
„Марка“ објави дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез направил фантастична работа кога успеа да се договори со Алаба да потпише четиригодишен договор за плата од 11 милиони евра по сезона.
Реал Мадрид си договори фантастично засилување, Алаба четири години на „Сантијаго Бернабеу“
Но, денеска уредникот на „Билд“, Кристијан Фалк, кој се смета за еден од најрелевантните новинари кога станува збор за трансфери во германскиот фудбал, се огласи преку Твитер и порача дека контактирал со таткото на фудбалерот кој пак има поинаква приказна од таа на „Марка“.
– Се уште ништо не е договорено со Реал Мадрид и ништо не е потпишано. И понатаму има заинтересирани екипи. Пини Захави преговара со неколку клубови и меѓу нив е и Барселона – изјави Џорџ Алаба за „Билд“.
Покрај Фалк, денеска се огласи уште еден новинар, Макс Билефелд од Скај Спортс, кој важи за близок до Баерн Минхен но и до агентот Пини Захави, и порача дека конечната одлука ќе биде донесена во април или мај.
„Агентот на Алаба, Пини Захави, сака да ги почека претседателските избори во Барселона. Доколку победи неговиот пријател Жоан Лапорта, тој би сакал да преговара и со Барселона. Во овој момент, конечната одлука нема да биде донесена пред април или мај“, напиша Билефелд, кој исто така напомена дека Алаба имал редовни лекарски прегледи во една клиника, но на нив не бил присутен ниту еден доктор на Реал Мадрид како што пренесе „Марка“.
Дека Алаба лесно може да заврши во Барселона, смета и еден од најрелевантните новинари кои известуваат за состојбите во каталонскиот тим, Жерар Ромеро.
– Барселона во овој момент нема пари за да му понуди добар договор на Алаба, но доколку неколку фудбалери си заминат од клубот… Ќе бидиме што ќе се случи на крајот – порача Ромеро.
Фаворитот на претседателските избори во Барселона, Жоан Лапорта, како едно од ветувањата доколку биде избран го најави токму и Давид Алаба. Дека неговите најави не се празни ветувања говори податокот дека тој и агентот на Алаба, Пини Захави, се заеднички сопственици на агенција чие седиште е на Кипар.