Единици на македонската полиција во цела борбена опрема, вклучувајќи и специјални единици, во Струмица спроведуваат масовна акција за запленување на автомобили со бугарска регистрација, пренесува бугарскиот портал Глас.бг.
Порталот се повикува Фејсбук порталот на Спас Ташев од Институтот за население и човечки студии при Бугарската академија на науките на социјалните мрежи, кој тврди дека меѓу македонските граѓани нема омраза кон Бугарите, туку тоа го потикнуваат институциите.
„Ако навистина постоеше таква масовна омраза, носителите на автомобили со бугарска регистрација не би се осмелиле да ги возат. Всушност, единствениот негативен став кон нив е од полицијата. Но, тоа е државна институција и нејзините активности се во согласност со државната политика“, пишува Ташев.
Пред околу 10 години, имаше сличен проблем кога влада им одредил краен рок до 30 септември 2010 година за повторно регистрирање на автомобили со бугарска регистрација. Оние што не го сториле тоа, им било забрането да минуваат преку македонските гранични премини и да возат по патиштата во земјата.
„Работите се случуваат повторно, но сега тие се побрутални!“, вели Ташев.
Од полиција потвдуваат дека во Струмица има акциски контроли зајакнати од единици од Скопје, но негираат дека досега имало запленување на некое возило со бугарски таблички.
Според нив, во акцијата се контролира брзината на движење на возилата и возење без возачка дозвола.