Северна Македонија е најкорумпиранас земја во регионот и меѓу најкорумпираните во Европа заедно со Молдавија и Босна според индексот на Транспаренси итернешнл затоа што владата на Зоран Заев има само политичка заложба за борбата против коорупцијата, но нема реални резултати од неа, вели Слаѓана Тасева, претседателка на Транспаренци Македонија во интервју за Зум.мк.

„Декларативното не помага да се подобри перцепцијата. Не е довболно да донесеш закон за спречување на корупцијата и да формираш комисија, треба да и овозможиш на таа комисија да работи и да постигне резултати во тие надлежности што ги има“, смета Тасева.

Таа тврди дека владата нема реална политичка волја да се бори против корупцијата.

„Видовме многу корупција во субвенциите во земјоделството, се дават субвенции на потврда дека си земал под наем земјште, а не на доказ дека нешто правиш со тоа земјиште. Се дават пари да се изградат мали хидроцентрали, а никој не се грижи дали откако ќе се изградат ќе работат тие хидроцентрали“, вели Тасева.

Според неа, ако се воспостави ефикасен систем за борбата против корупцијата и да може да се конфискува она што е украдено од граѓаните, тогаш ќе има болници што ги немавме за време на Ковид, ќе има патишта таму кајшто ги нема.

„Пак има поткупување на гласачи со миниални субвенции, а се избегнуа да се направи ефикасен систем за борба против корупцијата и перење на пари и да се запре незаконското одлевање на пари од буџетот, што  многу ќе придонесе за општото добро“, истакнува Тасева.