Индексот на корупција во земјава и најлошото 111 – то место, не е перцепција, туку статистика, вели претседателката на „Транспаренси Интернешанел Македонија“, Слаѓана Тасева во своето вечерашно интервју за емисијата „Економски Магазин“ на Алсат. Нејзината изјава следува откако вицепремиерот за корупција, Љупчо Николовски, рече дека во земјава не пораснал степенот на корупција, туку таква била само перцепцијата на граѓаните.
„Перцепција е кога некој ќе прави истражување со кое ќе ги прашува граѓаните што мислат или како гледаат на одредена работа. Станува збор за индекс којшто е резултат на повеќе истражувања коишто ги прават референтни и релевантни меѓународни институции“, рече Димитриеска Кочовска.
– Advertisement –