Градоначалникот на Гостивар, кој е од Алијанса за Албанците, вели дека Зоран Заев има нефункционално мнозинство во Собранието, кое е мало и поради кое често пати не може ниту седница да се одржи ако владејачкото мнозинство комплетно не е присутно.
Како што вели тој, Заев сам од тие причини ќе побара предвремени парламентарни избори.
-Ние знаеме дека има огромно незадоволство во редовите на партиите кои што се владино мнозинство. И ние комуницираме со дел од нив. Тие се многу незадоволни, особено партиите на малцинствата кои што учествуваат во актуелната Влада. Но, и други партии кои покажуваат огромно незадоволство од функционирањето на Владата, рече Таравари за Сител ТВ.
На прашањето дали е можно Алијанса за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ, односно Зијадин Села и Христијан Мицкоски да формираат коалиција, Таравари вели дека ништо не е исклучено.