Во просториите на општина Гостивар попладнево се одржа средба меѓу лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари и претседателот на ДУИ Али Ахмети.
Таравари, по средбата, во изјава за ТВ21 порача дека за Алијанса е многу тешко да излезе со ДУИ, но ќе се почитуваат одлуките на органите.
„Една од опциите за кое имаме одлука од раководството е да излеземе сами на избори. Реков, за Алијанса е многу тешко да излезе со ДУИ, но повторно ќе ја разгледаме таа можност, секако дека ќе се почитуваат одлуките на партиските органи“, вели Таравари.