„Јас мислам дека идната власт со сигурност ќе биде без ДУИ“, рече Арбен Таравари од АА во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.
„Сигурен сум во тоа, ќе се повторува оваа емисија, постојат снимките, запомнете го ова. Која е единствената алтернатива за да го замени ДУИ во власта, без сомнеж дека тоа е Алијанса за Албанците. Единствената партија која е структурирана освен ДУИ која е на власт е партијата Алијанса за Албанците, која има структури на целата територија на државата. Не сакам да ги потценам другите албански политички партии, но немаат партиски скелет, Алијанса за Албанците е единствената алтернатива и е таа која ќе ја направи разликата во албанскиот политички кампус„.