Арбен Таравари, кој по професија е доктор, а е поранешен министер за здравство, во моментов градоначалник на Гостивар, во изјава за Сител ТВ вели дека во Македонија веќе има колективен имунитет на коронавирусот. Како што вели тој, се надева дека сето ова добро ќе заврши, дека вакцините ќе пристигнат, но смета дека е создаден колективен имунитет.

-Се надевам дека ќе оди на подобро, сите ние посакуваме што порано да има вакцини иако сметам дека веќа има колективен имунитет во Македонија. Повеќе од половина жители на Македонија веќе го поминаа Ковид-19. Скоро една десетина се јавуваа и беа излечени државните институции. Другите го поминаа дома бидејќи имаат огромна недоверба во системот, рече Таравари.

Тој е незадоволен од досегашното справување со пандемијата од коронавирусот од страна на институциите. За него е смешно што досега ниту една вакцина не е пристигната.