Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 најави политички интересна 2023 година.

Тој говореше и за односот на Алијанса за Албанците со ВМРО-ДПМНЕ.

Според Таравари, во моментов двете партии се дистанцирани, иако има некое ниво на комуникација помеѓу пратениците.

Таравари вели дека имало обиди пред неколку години за соработка со ВМРО, дури и самиот лидер на партијата, Христијан Мицкоски изразил жалење за настаните од 27 април, но последната година ВМРО-ДПМНЕ ја вратило националната реторика и станала слична на Левица.

„И тука веќе целосно се дистанциравме од нив“, додава Таравари.

Таравари истакна дека доколку одиме на избори, реални се шансите да победат партии кои се против ЕУ интеграциите на државава.

Таравари остави простор за две опции, едната како што вели тој по сугестија на меѓународниот фактор дека не е време за избори, и дека за прогресот на државата важни се уставните измени, и доколку тоа го бара членството на АА тогаш веројатно ќе станат дел од Владата.

Друга опција како што вели Таравари е да се оди веднаш на избори.