Српските вакцини се спектакл на владата за една кутија вакцини, тврди генералниот секретар на Алијансата на Албанците и поранешен министер за здравство, Арбен Таравари.

Таравари За Алсат-М вели дека било доволно српските вакцини да се одбележат со една вест, но не и половина Влада со се премиерот да одат на Табановце.

Тој сепак изрази благодарност за донацијата од Србија затоа што за него како обичен граѓанин и како лекар, битно е што побрзо да заврши вакцинацијата на целото население.

„Не е важно од каде доаѓа, нека се снајде премиерот … Вчера го започнавме процесот на вакцинација, со колку започнавме, смешно е, и откако ќе заврши оваа количина вакцини, што ќе правиме понатаму“, вели Таравари.

Според него, министерот за здравство Венко Филипче дава контрадикторни податоци за бројот на порачани вакцини од системот Ковакс.

„Министерот рече дека нарачавме над 800 илјади вакцини преку системот Ковакс и сега гледам, резервиран број за Македонија е 103200 вакцини. Сега не знам кој лаже“ се прашува Таравари.