„Со тага утрово ја примивме веста за загубата на тројца наши лекари, кои денеска ги загубија животите во сообраќајна несреќа во Прилеп“, напиша министерот за здравство, Арбен Таравари.
„Прим. Др. радиолог Александар Ристески, спец. гинеколог Др. Никола Василевски и технологот за радиологија Фанче Јованоска ги загубија животите додека одеа да ја извршуваат својата благородна мисија, како што е докторската работа.
Најдлабоко сочувство до нивното семејства, пријателите и колегите“, додаде Таравари.
Текстот Таравари: Со тага утрово ја примивме веста за загубата на тројца наши лекари е превземен од МАКФАКС.