Лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари во интерву за ТВ Шења, потврди дека постигнале договор со СДСМ за влез во Влада, но без да открива повеќе детали.

 Точно е дека Алијансата за Албанците ја водеше главната битка против ДУИ и главниот фактор кој има тенденција да донесе промени во албанските политички партии. Сакам да го уверам секој член на АА, секој гласач, секој Албанец кој не е член на АА, но има доверба во АА дека нашата намера и цел се многу чисти. Дека никогаш не влегуваме со никого да го продадеме интересот на обичниот граѓанин. Во моментов цениме дека промената што тврдиме дека ја носиме, понекогаш е подобро таа политичка битка да се прави од внатре отколку однадвор, рече Таравари