Лекувањето на 115 повредни во пожарот во Кочани е бесплатно. Министерот за здравство, Арбен Таравари, денес рече дека нема потреба од шпекулации и невистини во врска со плаќањето на лекувањата на повредените.

„Генерално, 99 отсто сигурни сме дека е бесплатно и нема потреба никој да собира пари. Дури како Влада обезбедивме и по двајца родители или членови на семејство да патуваат и да се вратат. Да им плати Владата пат и сместување во сите држави во кои се сместени повредените. Нема потреба за шпекулации и невистини. Можеби во некоја држава нешто да е побарано, но, генерално, е бесплатно“, рече денес министерот Таравари.

Синоќа, пак, во телевизиско гостување, директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, рече дека биле фокусирани на тоа сите пациенти да добијат соодветна грижа, да бидат пренесени во соодветни клиники и да им се помогне, а за тоа дали и колку треба да се плати, допрва ќе разговараат.