Поранешниот министер за здравство и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, најави оставка од функцијата генерален секретар на Алијанса за Албанците. Својата одлука Таравари ја поврза со лошиот резултат на партијата на неодамнешните локални избори.
Таравари во изјава за ТВ Клан рече дека нема повторно да се кандидира за истата функција во партијата и нагласи дека Алијанса за Албанците има потреба од нови кадри.
„Сигурно е дека повеќе нема да бидам генерален секретар на Алијанса за Албанците, тоа е моја лична одлука. Има доволно време да се избере друга, помлада личност на таа функција“, изјави Таравари.