Изборот на кандидати за локалните избори во октомври во коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе започне на 15 јули, додека на 15 август ќе бидат објавени кандидатите за сите општини каде ќе се натпреварува оваа коалиција.
Генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, на прес-конференцијата објави дека ќе се обидат да соработуваат со која било партија, вклучително и со ВМРО-ДПМНЕ, со СДСМ и со ромски или со турски партии.
„Алијансата за Албанците заедно со Алтернативата ќе има соработка со повеќе партии. И македонски и албански, турски, ромски. Со сите партии кои имаат кредибилитет во општините каде што се натпреваруваме“, рече Таравари.
Од Алијанса за Албанците велат дека се уште немаат став по однос на резолуцијата на ВМРО ДПМНЕ. Најавија дека во следниет неколку дена ќе ја донесат конечната одлука.