„С. Македонија мора да има попис, бидејќи од 2002 немало друг попис, иако почнаа во 2011, но, не се разјаснети причините зошто се стопираше тој процес. Како градоначалник многу ми е битно да се спроведе пописот бидејќи имаме училишта, градинки, патишта и други работи кои планира да се спроведат тие работи, но мора да се преброиме колку сме за да знаеме како да планираме понатамошно работење“, изјави градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Попис: Статистика, не политика“.