Крилото на Арбен Таравари во Алијансата за Албанците, го разреши Арбен Фетаи од функцијата претседател на партиското собрание.

Таравари изјави дека се исклучени и некои членови на Претседателството кои јавно се изјаснуваат против Алијансата за Албанците. Се работи за 8 од 46 членови. За Мимоза Муса, Таравари рече дека не е донесена одлука оти не е јасно дефинирано дали останува со Алијансата за Албанците, или со Влен.

Тој рече дека ќе соработуват и со ДУИ, и со ВЛЕН на локалните избори за да им помогнат на Албанците, говорејќи дека нема функција, нема име или позиција што има вредност како една чесна структура која излегува пред граѓаните со чисто лице.

Состанокот и разрешувањето се случуваат во период кога повеќе високи партиски функционери се спротивставија на одлуката на Таравари да ги напушти Владата и коалицијата. За нов претседател на собранието на Алијансата е избран Назим Таипи.

Фетаи за денес во 14 часот најави прес-конференција.

Текстот Таравари го разреши Арбен Фетаи и уште неколку членови на претседателството на Алијансата за Албанците е превземен од МАКФАКС.