Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари го гостувањето во „Утрински Брифинг“ изјави дека и нивниот став е дека треба да има предвремени парламентарни избори, нешто што го бара и Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
-Тоа е нивни став, но и наш став е дека треба да има предвремени избори иако сметаме дека треба да им се дадт сто дена. Мислам дека прво оваа влада ќе има криза на легитимитет оти актуелниот премиер никогаш не излегол на избори. ДУИ пак ветуваа прв премиер Албанец, а излажаа за тоа. Алтернатива заедно со нас излезе на избори и заедно баравме промена на ДУИ, а тие што не гласаа не гласаа Алтерантива да влезе во коалиција со ДУИ. Џентлменски е да ѝ се остават на владата тие сто дена. Нема кохезија ни во самата СДСМ, каде има разни групации кои војуваат меѓу себе, вели Арбен Таравари, генерален секретар на опозициската Алијанса за Албанците за Утрински брифинг.
Таравари воедно порача дека тие како партија исто така се за промена на изборниот модел, односно дека се за отворени листи, но нивниот став е да има осум изборни единици. Аргументот е за тоа е што постојат осум економски развојни региони во Македонија.