Градоначалникот на Гостивар и поранешен министер за здравство Арбен Таравари, утрово гостувајќи на ТВ24 во „Студио 10“, рече дека е загрижен со ситуацијата околу коронавирусот во Македонија. Тој рече дека дополнително отежнување е доцнењето на вакцините, и истакна дека не му е јасно зошто министерот Филипче не реагира и не ги стави во функција на државата и приватните болници.

-Максимално е алармантно, бројките загрижувачки. Во Велика Британија за една недела имаше 254 починати, кај нас 263 починати. Да не зборуваме за капацитетите о болниците. Зборувам како лекар, повеќето пријатели ми кажуваат дека во болниците нема место, а има огромен број пациенти кои се лекуваат во домашни услови. Мора да се направи протокол по кој ќе се водат матичните доктори. Не можам да разберам зошто министерот не превзеде чекори приватните болници да бидат напомош. Таму се плаќа и до десет пати поскапо. Крајно време е министерот да превземе нешто, да се отстапат на државата и приватните клиники. Македонија е петто место во свет по починати на милион жители за последните 7 дена од 153 држави. За жал, по вакцини сме последни во регионот, рече Таравари.