Лидерот на Алијанса за Албанците и кандидат за претседател Арбен Таравари дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека една од најголемите грешки било што влегле во владата.
„Повеќето од партијата беа да влеземе во Владата, дури и јас гласав за тоа, не сакав да бегам од одговорност. Но, тоа беше најголемата грешка што ја направивме, огромно незадоволство се јави помеѓу симпатизерите на Алијанса за Албанците“, вели Таравари.
Тој додава дека ја признава таа грешка.
„Луѓе сме“, додаде Таравари.





















