В.д. претседателот на Алијанса за Албанците денеска напладне ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, соопптија од партијата.

Оттаму информираат дека средбата ќе се одржи во Влада, по што Таравари ќе се обрати пред медиумите.

Нема информации за темите на разговор меѓу Таравари и Ковачевски, ниту за поводот за средбата.

Сепак таа доаѓа во период кога во дел од медиумите изминатиот период кои сеповикуваа на партиски извори, се објавуваа информации за можен влез на Алијанса за Албанците во владината коалиција. Сепак ваквите тврдења беа негирани од премиерот Ковачевски.