Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар, но генерален секретар на Алијанса за Албанците, во гостуваењето во Утрински Брифинг изјави дека јавна тајна е дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ преговараат за мнозинство во Собранието.

-Се пребројуваме или се пребројуваат, но никој не може да негира дека СДСМ има влада. Но, имаат комплекс на несигурност и за ова никој не може да ме разубеди, вели Таравари, кој додава:

-Не е само БЕСА која избега од мнозинството како пратеничка група, тука ЛДП, па Павле Трајанов, повеќе партии го прават тоа, како да ќе се случи нешто. Јас контактирам со многу партии, ги слушам внатре во ДУИ што се зборува и тие се незадоволни што се случува внатре во мнозинството. Мислам дека ќе имаме интересна и драматична пролет, март и април. Но, да видиме, вели Таравати.

Тој вели дека испратиле сигнали за коалиција и соработка со ВМРО-ДПМНЕ, но додава дека оваа партија преговара и со ДУИ.

-Мислам дека е јавна тајна дека имаат интензивна комуникација, дали ќе направат мнозинство не знам, вели Таравари.