Градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијасна за Албанците, Арбен Таравари, го обвини паралментарното мнозиство дека свесно го блокира донесувањето на петиот пакет на мерки.
„Вечерва паднаа маските во Собрание. Талат Џафери во кординација со парламентарното мнозинство создава драма и не дозволуваа гласање на петиот пакет економски мерки. Цела опозиција беше во Собрание и побаравме да се стават на дневен ред законите за кои не обвинуваа нас иако ние ги повлековме амандманите и гласавме во комисија. Додека пратеничката Илире Даути предложи гласање на економските мерки, пратениците на ДУИ тропаа на масите против граѓаните. По целата врева и хаос кој го создадоа самите, спикерот на Собранието создаде неколку траги-комични драми и ја прекина седницата“, напиша Таравари на неговиот Фејбук профил.
Според него, Талат Џафери ќе го стави во карантин Собранието оставајќи ги граѓаните и компаниите без, и така малата, економска подршка која се нуди.
„Мнозинството и Владата треба барем еднаш да излезат и да бидат искрени, да признаат дека немаат пари ни воља да им помагат на граѓаните и стопанството и да си одат дома, а не да се обидат да ја потценуваат и интелегенцијата на нашите сограѓани“, сметаТаравари.