„Оваа година прв пат во извештајот на Европската комисија за земјава директно беше наведено и побарано од опозицијата да биде конструктивна. Во извештаите досега имало насоки и коментари за власта, но сега имаме директно повикување да прекине деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието“ изјави пратеникот од СДСМ, Миле Талевски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ веќе две години го блокира Собранието и дека цело време бараат начин како да ги блокриаат мерките кои ги носи Владата и владејачкото мнозинство, а се во интерес на граѓаните.

„ВМРО-ДПМНЕ во континуитет бара начин да создаде паника кај граѓаните. Со тоа што на граѓаните ќе им ги спречат придобивките, кои Владата и Собранието бараат начин да им ги овозможи, мислат дека ќе добијат на рејтинг“ рече Талевски.

Пратеникот кажа дека опозицијата пет месеци блокираше во Собранието и не дозволуваше тутунопроизводителите да си ги добијат субвенциите, бидејќи претседателот на Комисијата за земјоделие, член на ВМРО-ДПМНЕ, не свикуваше седница.