Ракометарот на Вардар, Филип Талески призна дека не смее да се бараат изговори и во дуелот со Египет, Македонија да покаже поинаква игра и желба за успех на СП.
„Не треба да бараме изговори за тоа што ни се случи. Сепак ние сме тие што сме на терен и треба да го правиме тоа што најдобро го знаеме, овојпат тоа не го направивме. Не се држевме до договореното, да бидеме борбеми и тука потфрливме.Знам дека македонската јавност и медиумите сакаат да дадеме се од себе на теренот, и ние сакаме ама не моменти не можеме тоа да го спроведеме. Сами сме виновни за исходот но апелирам до целата јавност да има трпение за нас. Физички сме подготвени, вчера ни се случи дебакл затоа што не се боревме како што треба. Се надевам дека против Египет сите ќе го дадеме максимумот и ќе го подобри впечатокот.“ – вели Талески.
Македонија утре од 18 часот ќе истрча против домаќинот Египет предводен од поранешниот тренер на Вардар, Парондо.